Развој на луѓе - Коучинг и менторство
Подобрување на личните перформанси и перформансите на организацијата. Методологија Оваа моќна програма е ориентирана кон развивање на учесникот како индивидуа и нуди концентриран период за трансфер на вештини, пракса, фидбек и учење. Содржина на програмата Лидерство преку подучување Базирана на вредности, организација со високи перформанси Како да се биде лидер организација базирана на вредности Што е тоа подучување Вештини и техники за ефективно подучување Управување со целокупните сопствени перформанси Поставување високи цели и одбирање на најсоодветниот стил за нивно остварување Следење(monitoring) на сопственото и однесувањето на другите Баланс помеѓу кариерата и приватниот живот Учење од сопственото животно искуство Разбирање себеси во улогата на подучувач Управување со транзиции, промени и културната комплексност Стратегии за справување со тешкотии и промени Развивање и подобро разбирање на ефективната комуникација помеѓу различни култури Развој на кариера Техники за ревизија на кариерата Развојни стратегии за во иднина Бенефиции Фокусот на оваа програма е насочен кон учесникот како индивидуа. Таа ќе му помогне на учесникот: Подобро да го разбере сопствениот лидерски стил и способноста за подучување Да ги подобри сопствените и перформансите на својата организација Да гради разбирање и консензус преку односите со другите Да опстои во окружување кое постојано се менува Да ги подобри перформансите на другите Да развие сопствена програма за развој на кариерата.