Развој на емоционална интелигенција
Справување и управување со сопствените емоции и емоционално стресни ситуации Методологија Ова е интерактивен семинар со кој го добивате неопходното знаење и вештини за контролирање на вашите емоции на работното место. Начините и техниките ќе се совладаат на семинарот со постојано симулирање на ситуации и личности од реалниот живот. Подучување и фидбек ќе добиете од другите учесници, како и од фасилитаторот. Содржина на програмата Добивање основно знаење разбирање на конфликтот и работната средина – идентификување на емоционалните бариери активно слушање и како тоа влијае на ефективната комуникација препознавање на различните стилови на однесување на работно место играње улоги (role play) – прв дел Начини и техники за контролирање на емоциите на работното место моќта на ефективното поставување прашања давање и примање фидбек справување со “драматичниот триаголник” во компанијата (обвинувач-жртва-спасувач) играње улоги (role play) – втор дел Управување со емоциите асертивни техники за контролирање на емоциите на работното место креирање правец: основни комуникациски вредности играње улоги (role play) – трет дел Бенефиции Знаење и вештини за тоа како да управувате со емоциите на работното место Техники за давање, проследување и примање фидбек Примање фидбек и подучување за нови вештини за справување и контролирање на емоциите на работното место Разбирање како другите ве перцепираат Разбирање на другите луѓе и градење емпатија Препознавање на различните стилови на однесување и градење на продуктивни односи во компанијата