Ефективно лидерство
Бидете лидер, водете се себеси и другите. Зајакнете ги сопствените лидерски способности за да бидете во можност да одговорите на предизвиците на денешните постојани промени во работното окружување. Методологија Интерактивна програма која вклучува извршување задачи во рамките на тимот, симулација на предизвици со кои се соочува лидерот, прашалници за определување на индивидуалниот стил и способности, групни дискусии и фидбек. По добиените резултати, секој од учесниците ќе добие индивидуален фидбек. Програма Лидерство во 21-от век тајните на успешните лидери причини за неуспех во лидерството Импликации од вашиот лидерски стил истражување на различни лидерски стилови разбирање на импактот на вашиот сопствен стил соодветна употреба на секој од лидерските стилови Успешно лидерство во различно културно окружување лидерскиот стил и културната средина употреба на практична рамка за разбирање на културните разлики Креирање на персонално лидерско насочување Добивање на "најдоброто" од луѓето идентификување на бариерите ширење позитивна енергија со цел постигнување добри резултати "Бидете свои" како лидер градење на основата на личниот успех со помош на мрежите за поддршка справување со стресот и постигнување на баланс помеѓу Работење со позитивна моќ и влијание идентификување на основата на моќта и како таа да се користи "Кој" и "Како" за успешното остварување на влијание Градење успешни тимови идентификување на предизвиците и проблемите при градењето тимови и начин на нивно надминување Бенефиции Истражување на тајните за успешно лидерство и на причините за неуспешно лидерство Пронаоѓање на најдобриот однос помеѓу лидерскиот стил и културното окружување Истражување на изворите на вашата моќ и начинот на нејзино користење Истражување и развивање на сопствен лидерски стил Како можете да "бидете свои" како лидер Како да се постигне балансот помеѓу работата и приватниот живот Ефективно справување со стресот Добивање индивидуален фидбек за лидерскиот стил