Мотива – Нашето искуство е ваша придобивка
Мотива е центар за менаџмент консалтинг образование и обука кој има повеќе од 20 години искуство во делот на менаџмент консултантски услуги, обуки, регрутација, селекција и поддршка на човечките ресурси.
Ние сме тим на посветени професионалци кои имаат за цел да ги унапредат капацитетите и да ги подобрат перформансите на компаниите, владините институции и меѓународните организации.
Ориентирани сме кон задоволување на специфичните потреби на нашите клиенти и преку индивидуален пристап ги дизајнираме обуките согласно барањата на клиентите со најдобрите практики во областа.
Фокусирани сме на управување и развој на човековиот капитал и се стремиме кон зголемување на вредноста на човечките ресурси во организациите.
Оригиналните решенија кои ги нудиме на нашите клиенти се темелат на практики кои овозможуваат подобро управување со човечките ресурси.
Креативниот пристап, стручните вештини, долгогодишното искуство и теоретското знаење ја определуваат уникатноста на Мотива во своето дејствување.