Програмата за обуки е дизајнирана согласно различните нивоа на организациска структура за:
• Врвниот менаџмент (прво ниво на раководители)
• Раководители (второ и трето ниво на раководители)
• Вработени
Целта на обуките за врвниот менаџмент и раководителите е да се унапредат менаџерските вештини што би резултирало со зголемена мотивација и посветеност во работењето на вработените.
На овие сесии раководителите ќе се запознаат со клучните менаџмент вештини и алатки кои се користат во современото раководење во компаниите за унапредување на комуникациските вештини и тимска работа, управување со време, управување со промени, делегирање, ситуациско лидерство, коучинг и преговарање. Преку примената на овие вештини раководителите ќе влијаат на зголемувањето на мотивацијата на вработените. На тој начин би се зајакнала нивната способност за градење и одржување на позитивни работни односи помеѓу вработените што ќе влијае на зголемувањето на целокупната продуктивност во организацијата.
Целта на обуките за вработените е подобрување на комуникацијата на работното место, зголемување на сознанијата за методите и техниките за тимската работа што ќе придонесе за градење на организациска култура која кај вработените ќе промовира посветеност, дисциплина во работата и намалување на непродуктивните трошоци.