Евалуација на перформанси

 

Консалтинг услугите се однесуваат на помагање на службата за човечки ресурси за спроведување процес на оценување на перформансите на вработените (Performance Apprasial).

Во рамките на евалуацијата на перформансите на вработените ќе биде опфатена програма за обука за врвниот менаџмент и раководителите како најуспешно да ја извршат евалуацијата на своите вработени преку користење на соодветни алатки и техники за анализа и проценка на човечките ресурси во целата организација.

Откако ќе ја поминат обуката, предвидена е имплементација на евалуацијата на вработените од страна на раководителите.

Целта на оваа евалуација е да се направи објективна проценка на учинокот и ефективноста на секој вработен при извршувањето на работните задачи, почитување на организациските вредности и хиерархија, како и задоволување на поставените стандарди на компанијата.

Вработените ќе бидат оценети во делот на стручно знаење и способност во работењето (степен на умешност и вештини за стручно и ефикасно извршување на работите, комуникација и тимска работа, залагање) и постигнати резултати (постигнати резултати во работата, посветеност за резултати, професионалности и свесност).
Како резултат на евалуацијата што ќе биде спроведена од страна на раководителите, ќе се утврдат и потребите за одредени обуки за вработените. Овие обуки може специјално да се дизајнираат (tailor-madе) и да се спроведат за вработените со цел унапредување на знаењето и вештините во тие области.

Преку спроведување на евалуацијата на перформансите, ќе се добие реална слика за капацитетите на човечките ресурси во организацијата и ќе се овозможи преземање на соодветни корективни мерки за унапредување на целокупната ефикасност и ефективност на работењето.

Подобрување на вашата интерперсонална комуникација со дру ...
Обуката ќе придонесе за стекнување знаење како да се развијат високо продуктивни тимови кои се карак ...

Улица Лондонска бр.11б 1000 Скопје