Во рамките на програмата за обука за врвниот менаџмент и раководителите ќе се спроведе обука за коучинг и менторство. Преку спроведување на овие обуки ќе и се помогне на службата за човечки ресурси системски да делува на развојот на вработените, т.е преку обуката раководителите ќе се оспособат да спроведат коучинг и менторство на своите вработени.
Овој процес ќе овозможи да се унапредат ефикасноста и ефективноста на вработените преку развој на нивните знаења, вештини и однесување.