Процесот на управување со таленти ги опфаќа следните фази: регрутација и селекција на најдобри луѓе на прави позиции; вклучување и ангажирање на вработените; унапредување на вештините и изведбата на постоечките вработени и останување на најдобрите; идентификување на вработените со вештини и лични квалитети за лидерство; идентификување на индивидуалците спремни да се движат низ различни улоги низ организацијата и унапредување на самосвесноста, јакнење на тимските вештини и развој на раководители.
Управувањето со талентите влијае на зголемување на задоволството и продуктивноста на вработените и на ефективноста од учењето, а од друга страна пак влијае на намалување на флуктуацијата на вработените, како и на времето за наоѓање нови вработени.